Јанис и Лилард против Леброн и Дејвис е дербито на спектакуларната вечер во НБА (Фото)

Вечерва во НБА-лигата се играат четири интересни натпревари, па и понудата на Sport Life е привлечна. На четирите дуели ќе се појават дури 23 кошаркари коишто играле на олстар, осуммина од нив настапија и годинава на собирот на ѕвездите.

Во Мајами, кај ланскиот првак на Истокот гостува Голден стејт, кој се бори за место во плејин-разигрувањето на Западот.

Милвоки, кој се бори за второто место на Западот, е домаќин на ЛА лејкерс во спектакл на којшто ќе се појават мегаѕвезди како Јанис Адетокумбо, Демиен Лилард, Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Њу Орлеанс и Оклахома сити се вториот и четвртиот на табелата на Западот, па и ова е дерби. Оклахома е во игра за лидер на Западот.

Далас гостува кај Сакраменто со надеж дека ќе дојде до петтата победа по ред. Сепак, Кралевите се благи фаворити за победа во овој дуел на два тима кои меѓу себе се борат за шестото место на Западот, кое директно води во плејоф.

Секако, тука е понудата и за голем број играчи на кои може да се обложите дека ќе дадат повеќе или помалку поени од зададената граница.

- Оглас -

Најнови вести