Големи возбудувања и дури двајца кошаркари со трипл-дабл ефект понуди мечот помеѓу Милвоки и Сакраменто, кој им припадна на домашните со 143-142 по продолжението, откако во регуларните 48 минути немаше победник, 128-128.
Фокс од Сакраменто со 32 поени беше најефикасен на паркетот, но Јанис Адетокумбо со 27 поени и по 10 скока и асистенции дојде до трипл-дабл, а таков ефект на поразената страна имаше и Литванецот Сабонис, кој уфрли 21 поен, на кои додаде и 13 скока и 15 асистенции.
Двете екипи наизменично ги добиваа четвртините, а резултатската клацкалка на крајот резултираше со нерешено, а според играта која ја прикажаа, тоа беше и најреален епилог од мечот. Сакраменто поведе по првите 12 минути, следуваа два периоди кои ги доби домашниот Милвоки за гостите да успеат да се изборат за продолженија во последната четвртина.
Резултати:
Мајами – Шарлот 104-87
Милвоки – Сакраменто 143-142 (128-128)
Минесота – ЛА клиперс 109-105
Портланд – Феникс 116-127