28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Јанис има „тешка“ рака, тоа го почувствува и неговиот соиграч (Видео)

Кошаркарскиот свет е во исчекување на Европското првенство, а во моментов репрезентациите играат пријателски натпревари. Еден од тие контролни дуели беше и оној на Грција и Црна Гора (69-61), но јужниот сосед на овој меч настапи без својата најголема ѕвезда, Јанис Адетокумбо.

Кошаркарот од НБА лигата веќе е во Грција, а се очекува да игра на последните три пријателски натпревари, против Летонија, Италија и Франција.

Адетокумбо беше со своите соиграчи на мечот против Црна Гора, иако не настапи, а по завршување на мечот направи потег, за кој веројатно само тој има објаснување. Додека кошаркарите се поздравуваа, Јанис силно го удри својот соиграч, Јанулис Ларенцакис, кој остана смирен и не изреагира на потегот на Адетокумбо.

 

- Оглас -

Најнови вести