-0.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Јанис му одржа час по дефанзива на Леброн во последната минута кога се решаваше победникот (Видео)

Миквоки бакс победи на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс со 105:101 и тоа најмногу благодарение на одличната одбрана на Јанис Адетокумбо во последната минута и тоа во два дуели против Леброн Џејмс.

Резултатот беше 101:101 на 40 секунди до крајот кога Леброн тргна во продор, но беше изблокиран од Јанис. Во следниот напад Кевин Портер погоди две слободни фрлања на 16,2 секунди до крајот, за водство на Милвоки од 103:101. Лејкерс го имаше последниот напад во кој можеше да израмни или да даде тројка за победа, но повторно во главна улога беше дефанзивецот на Милвоки, Јанис Адетокумбо.

Центарот на Милвоки успеа да му ја украде топката на Леброн и на тој начин беше обезбедена победата на гостите. ЗА Милвоки ова е петта победа во последните седум меча, додека Лејкерс го претрпе шестиот пораз во последните девет средби.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бостон – Торонто 125:117, Орландо – Филаделфија 91:103, Вашингтон – Њу Орлеанс 107:128, Бруклин – ЛА клиперс 105:121, Мемфис – Оклахома 116:117, Денвер – Атланта 87:110, Феникс – Њујорк 112:107, Голден Стејт – Сакраменто 137:103, Портланд – Хјустон 111:105.

- Оглас -

Најнови вести