Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат шест натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње.
Највозбуливо се очекува да биде на дерби-пресметките меѓу кандидатите за пласман во плејофот, Феникс санс – Сакраменто кингс и Милвоки бакс – Мајами хит.
Пред дваесетина дена, Сакраменто беше најдобар тим во Западната конференција, но потоа влезе во серија лоши резултати и падна на седмата позиција на табелата со учинок од 30 победи и 22 порази, додека Феникс санс, кој се смета за еден од главните фаворити за пласман во големото финале, има една победа повеќе.
Сезонава овие два тима одиграа три меча меѓу себе и Сакраменто победи двапати, но Феникс го доби последниот дуел и вечерва повторно ќе ја има фаворитската улога (1.60).
Второто дерби ќе се игра на Истокот, и тоа меѓу Милвоки бакс и Мајами хит.
Овие два тима минатата сезона играа во првата рунда од плејофот и Мајами славеше со 4-1 во победи. Но, сезонава Милвоки, кој е засилен со одличниот Демиен Лилард, ги доби двата дуела и вечерва се очекува да слави и по третпат бидејќи работата треба да им биде олеснета со неиграњето на Џими Батлер и Тери Розиер.
Победа се очекува и од ЛА лејкерс, кој во својата „Крипто.ком арена“ игра против најслабиот тим во НБА-лигата, Детроит пистонс, како и од Бостон селтикс, кој му гостува на Бруклин нетс.
Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени, каде што може да се погодува за бројот на поени на 54-ица кошаркари.