5.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Јанис под сериозна закана: Ќе ви ја убиеме целата фамилија

Кошаркарите на Грција се израдуваа на бронзениот медал на Европското првенство кое неодамна заврши. Во полуфиналето, Грција загуби од Турција, а потоа во борба за третото место ја победи Финска и го освои бронзениот медал.

Лидер на теренот во грчката репрезентација беше НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо. Центарот одигра одлично и секако е еден од најзаслужните што неговата селекција освои медал на турнирот.

По завршувањето на Евробаскетот, Јанис доживеа шок затоа што се најде на мета на смртни закани. Страшните закани биле упатувани кон кошаркарот, но и на социјалните мрежи на неговата жена Марија.

„Ќе ви ја убиеме целата фамилија. Ќе бидете во страв каде и да одите“, била заканата од еден турски навивач.

Сопругата на Јанис, Марија реши да не молчи и јавно на својот инстаграм профил ја објави заканата, а имаше и порака до заканувачот.

„Бидејќи ми пишуваш приватно, сега јавно ќе објавам за целиот свет да види кој си ти. Вакво однесување е неприфатливо. Се надевам дека оние кои оставаат коментари полни со омраза и одвратни пораки за моето семејство, се гордеат сами со себе“, напиша Марија.

 

- Оглас -

Најнови вести