Јанис со 64 поени сам ја победи Индијана, па тргна кон противничката соблекувална да се тепа (Видео)

Неверојатен натпревар одигра грчкиот интернационалец Јанис Адетокумбо, кој со 64 поени го водеше Милвоки до победа од 140-126 над Индијана. Постигнувањето на Јанис е негов личен рекорд, но и рекорд на Милвоки. Претходниот клупски рекорд изнесуваше 57 поени, додека личниот рекорд на Адетокумбо изнесуваше 55 поени.

Сепак, по натпреварот беше спречен поголем инцидент откако токму Гркот тргна кон соблекувалната на Индијана за физички да се пресмета. Тој сакаше да ја земе топката од натпреварот за спомен од рекордот, но беше спречен од неговите соиграчи да предизвика поголем инцидент.

„Имам топка, но не знам дали е тоа истата од натпреварот. Мислам дека не е, не изгледа така. Не го чувствувам тоа. Изгледа како потполно нова топка. Играв 35 минути и знам како изгледа топката по натпреварот“, рече Адетокумбо.

Резултати:

Детроит – Филаделфија 111-129
Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142
Мајами – Шарлот 115-104
Торонто – Атланта 135-128
Хјустон – Мемфис 117-104
Милвоки – Индијана 140-126
Сан Антонио – ЛА лејкерс 119-122
Феникс – Бруклин 112-116
Јута – Њујорк 117-113

- Оглас -

Најнови вести