Баерн Минхен повторно има 8 бодови предност во однос на Баер Леверкузен во трката за титулата во Бундеслигата, откако славеше со 4-0 против Ајнтрахт.
Прв гол во дресот на Баварците постигна бекот Хироки Ито. Јапонецот дојде во Баерн од Штутгарт, но се здоби со повреда во подготвителниот период и дебито го имаше дури пред осум дена против Леверкузен. Денеска на вториот официјален меч за Баерн, прв за него во Минхен, даде и гол.
Лоша вест за Баерн е што при голот за 3-0, се повреди Мусијала, па на негово место влезе Гнабри, кој ги постави конечните 4-0.
⚽️ GOAL: Hiroki Ito
🇩🇪 Bayern München 2-0 Eintracht Frankfurtpic.twitter.com/bKUJYCALBQ— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025