Јапонецот одби да се пресели во Саудиска Арабија, иако му беше понуден еден од најголемите договори

Јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо одби неверојатни 160 милиони евра од Ал-Хилал. 22-годишниот фудбалер кој во моментов настапува за Реал Сосиедад не сака да оди во Саудиска Арабија и останува на Апенините.

Договорот кој му го нудеа од Ал-Хилал беше со важност од четири години, со кој би заработувал по 40 милиони евра годишно. Сепак, ова не беше доволно за да се убеди младиот јапонец да ја напушти Европа.

Кубо во 2019-тата година беше скаутиран од Реал Мадрид и бесплатно пристигна на “Сантијаго Бернабе“. Сепак, не доби шанса да заигра за “кралскиот“ клуб, па беше испраќан на позајмици во Мајорка, Виљареал и Гетафе.

Во 2022-рата година беше откупен од Реал Сосиедад за 6.5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести