Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно понижување, загуби со 4:1 од Јапонија во пријателскиот натпревар кој се играше во Волфсбург.
Во првиот дел беше 1:2, во второто полувреме Јапонците со головите на Асано и Танака во финишот дојдоа до убедлива победа и му го потпишаа отказот на Ханси Флик. Флик се очекува да заработи отказ по пријателскиот меч на Германија против Франција кој ќе се игра за два дена.
„Во шок сум. Атмосферата беше одлична. Боли ваков пораз иако е заслужен. Ова беше срамно. Мора да се собереме, имаме тренинг, па потоа натпревар против Франција. Потоа ќе анализираме што се случи и ќе размислиме што ќе правиме“, изјави спортскиот директор на германската репрезентација, Руди Фелер.
Ханси Флик на клупата на Германија седна во 2021 година, и репрезентацијата ја водеше на 25 натпревари на кои оствари 12 победи, шест порази и седум ремија.