ФИФА потврди дека Јапонија се повлече од домаќинството за Светското клупско првенство за 2021 година бидејќи во земјата сé уште владее пандемијата со корона-вирусот. Иако тоа не беше проблем за Олимписките игри да се одржат во Токио пред околу еден месец, според Светската куќа на фудбалот, Јапонија не е во можност да го организира фудбалскиот турнир.
Турнирот требаше да се одржи во Земјата на изгрејсонцето во декември годинава, но сега ФИФА бара алтернативно решение, за што ќе донесе одлука во најбрзо време.
Челзи како европски шампион по вторпат во клупската историја ќе се бори за светската титула, Оукланд сити од Австралија и африканскиот првак Ал-Ахли засега се познатите учесници на турнирот. Шампионите на Јужна Америка, Централна и Северна Америка и Азија допрва треба се добијат, а зависно од тоа која земја ќе го преземе домаќинството, нејзиниот фудбалски првак ќе биде седмиот учесник на Светското првенство за клубови.