Јапонија прва обезбеди место на СП 2026 преку квалификации

Со денешната победа од 2-0 против Бахреин, Fудбалската репрезентација на Јапонија веќе се квалификува за Светското првенство во 2026 година и стана првата селекција која обзбеди место на Мундијалот преку квалификации.

Јапонците на свој терен го совладаа Бахреин со голови на Даичи Камада и Такефуса Кубо и со 19 бодa од седум меча обезбедија билет за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.

Јапонија првпат играше на СП во 1998 година и оtтогаш нема пропуштено ниту едно. Најголем успех досега на светските првенства им е осминафинале.

- Оглас -

Најнови вести