Јапонката Ами го освои првото злато во брејк-денс во историјата на Олимписките игри

Јапонската брек-денс танчерка Ами Јуаса, ја освои првата титула во историјата на Олимписките игри во оваа дисциплина во женска категорија. Во финалето, таа ја победи танчерката Ника од Литванија со резултат од 3:0 (16:11) во салата „Конкорд“, предизвикувајќи аплаузи од публиката со комбинација на силни движења и стил на топ-рок.

Во борбата за бронзениот медал, кинеската танчерка позната како 671 ја победи Индија, која се натпреваруваше под знамето на Холандија.

Американските танчерки Сани и ЛогистХикс, кои беа сметани за фаворитки, изненадувачки отпаднаа во осминафиналето, што ги олесни настапите за останатите.

25-годишната Ами Јуаса е двократна светска шампионка, како и победничка на турнирот Урбан Гејмс. Нејзината противничка, 17-годишната Литванка Доминика Баневич, беше на своето второ големо натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести