Рјоју Кобајаши е подготвен за историски подвиг на последниот чекор од Новогодишната турнеа „Четири скокалници“.
На јапонската птица што лета фантастично и забележа три победи по ред во Оберсдорф, Гармиш Партенкирхен и во Бишофсхофен и треба триумф и денеска повторно во Бишофсхофен во големото финале за уникатен подвиг во историјата на реномираното натпреварување.
Ако Кобајаши победи по вторпат за два дена во Бишофсхофен, денеска од 14.30 часот ќе биде првиот со двојна круна и два покери на Новогодишната турнеа.
Никој досега не успеал двапати да стаса до конечна победа со сите четири триумфи на легендарните скокалници.
Вчера не се скокаше во Инсбрук, откако на 4. јануари натпреварите беа одложени поради силен ветар, па како замена дојде скокалницата во Бишофсхофен. Досега само Кобајаши, Свен Ханавалд и Камил Штох победувале на Новогодишната турнеа со сите четири триумфи по ред, а Јапонецот има шанса да биде првиот скокач што го репризирал подвигот со покер во ист циклус на натпревари на „Четирите скокалници“.
Коефициентот за нова четврта победа на Кобајаши во Sport Life e 1.65, а во понудата има уште квоти и за девет скокачи и плус варијанти да не победи никој од нив, туку некој друг учесник со специјален коефициент 20.
Стандардно во текот на целата Новогодишна турнеа Sport Life имаше и понуда за место во Топ-3, а и денеска можете да се обложувате, кој, или кои скокачи ќе бидат на подиумот во Бишофсхофен.