Јапонски атлетичар кој има 92 години шокираше со резултатот постигнат на 60 метри (Видео)

Јапонскиот атлетичар Хиро Танака го воодушеви спортскиот свет со феноменалниот резултат кој го постави на трката на 60 метри. Времето од 10.95 секунди немаше да биде чудно, но тоа е феноменално време за дедо кој има 92 години.

Овој резултат беше поставен на Светскиот Мастерс во Полска, на кој учествуваат стари луѓе. Танака се натпреваруваше во категорија на атлетичари кои имаат над 90 години.

Публиката со овации го поздрави победникот, но интересно е дека Танака не успеа да го собори светскиот рекорд на оваа патека за атлетичари кои се 90+ години.

На Јапонецот му недостасуваа само 0,04 секунди за да го стигне светскиот рекорд поставен од Викторио Кола од Италија, кој во 2002 година во оваа категорија успеа патеката од 60 метри да ја помине со време од 10,91 секунди.

- Оглас -

Најнови вести