28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Јапонци исфрлени од стадион во Бундеслигата поради страв дека може да имаат Коронавирус

Група од 20-тина јапонски навивачи претрпеа голема непријатност откако мораа предвреме да го напуштат стадионот во Лајпциг додека го гледаа дуелот против Баер Леверкузен. Обезбедувањето на стадионот реши да ги исфрли навивачите затоа што постоело опасност дека тие биле заразени со Коронавирусот.

Да биде киксот уште поголем, Лајпциг тој ден организираше акција за „љубов и мир“ како дел за попријатно седење на навивачите на трибините. Откако беше направена грешката, челниците на Лајпциг се обидоа да им се извинат на јапонските навивачи.

„Обезбедувањето направи грешка затоа што мислеле дека луѓето доаѓаат од потенцијално ризични места. Ние се сретнавме со тие навивачи и им се извинивме. Се надевам дека ќе ги видиме на трибините и на следните мечеви. Ние сме клуб кој се бори за толеранција, интеграција и отвореност. Секогаш цврсто сме биле против расизам и каков било вид на потценување и понижување“, велат од Лајпциг во објаснувањето за тоа што се случило.

Во Германија досега има 129 луѓе заразени од Коронавирусот и тие се распространети во девет од 16-те сојузни држави.

 

- Оглас -

Најнови вести