Јапонците дефинитивно не се од овој свет: Победа си е победа, но правила си се правила (Видео)

Селекцијата на Јапонија вчера го направи второто големо изненадување на Светското првенство во Катар со победата од 2:1 над Германија, и тоа со пресврт, а нивните навивачи повторно го воодушевија светот.

Јапонците головите за триумф ги постигнаа во второто полувреме преку Доан во 75-тата и Асано во 83-тата минута, со што предизвикаа делириум во татковината.

На улиците во јапонските градови имаше огромен број фанови на фудбалската репрезентација, а камерите фатија неверојатни моменти со кои уште еднаш Јапонците покажаа дека се уникатни.

Додека чекаа на семафор за да ја поминат улицата, Јапонците се радуваа на големата победа, а радоста ја покажуваа и кога ја поминуваа улицата. Но, кога се запали црвеното светло, тие почнаа да трчаат за да се тргнат од улицата и да не го попречуваат сообраќајот.

Но, тоа не е сè, јапонските навивачи кои во живо на стадионот „Калифа“ го следеа натпреварот, уште еднаш покажаа дека се посебна категорија. Тие повторно останаа по натпреварот и помогнаа во чистењето на сметот од трибините.

https://twitter.com/MufcWonItAll/status/1595476291305742337?s=20&t=3_CosQ494pQw_FLVGDEMJg

Не останаа покуси ни самите фудбалери, кои пред заминување од стадионот, ја исчистија соблекувалната.

https://twitter.com/FIFAcom/status/1595540563306094603?s=20&t=Zf6hgg6Ln9ox6tornYeQCQ

- Оглас -

Најнови вести