Јапонците пак изненадија со реми против Швајцарија

Јапонија игра одлично во подготвителниот период пред настапот на ракометниот Мундијал, а и денеска, трет меч по ред имаше впечатлив резултат.

Популарните самураи ремизираа со Швајцарија, 28:28, а можеа и да победат, бидејќи имаа предност од еден гол во самиот финиш на мечот.

Јапонците ќе ни бидат прв противник во Минхен, на 11. јануари, а резултатите што ги имаат во последно време повикуваат на внимание. Непосредно пред Нова година ремизираа со Полска 25:25 (загубија на пенали), а ја победија Чешка со 27:25 и против многу пореномирани селекции од нив покажаа дека ќе бидат тежок ривал за старт на Мундијалот.

Вечерва играше и Бахреин, уште еден наш противник во Минхен, а Австрија ги декласираше со 31:22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести