Јапонците уште еднаш ја покажаа својата класа (фото)

Кошаркарската селекција на Јапонија настапот на Мундобаскетот во Кина го заврши без победа, а пред два дена го одиграа последниот меч во кој беа поразени од Црна Гора. И покрај тоа што имаа разочарувачки резултати, не заборавија да го направат она што ја карактеризира нивната класа.

Јапонците пред да ја напуштат соблекувалната по мечот против Црна Гора, ја „светнаа“ и на таблата оставија едно големо „благодарам“ за организаторите на светскиот кошаркарски собир.

Овие манири Јапонците ги покажаа и на Мундијалот во Русија, кога нивните навивачи го собираа отпадот на трибините, а тоа го правеа и на овогодишното првенство на Јужна Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести