Некогашниот југословенски и хрватски фудбалски репрезентативец, и поранешен играч на клубови како Хајдук, Јувентус, Реал Мадрид, левиот бек Роберт Јарни, во едно интервју за српски „Мондо“, откри дека Македонецот Илија Најдоски бил фудбалер од кој има „изедено најмногу ќотек“ во кариерата.
„Ууууу, Најдоски. Не ми го спомнувајте тоа име, ве молам. Секој пат кога игравме против Црвена ѕвезда, ќе го поминам Јуриќ, потоа Белодедиќ и на крај ќе ме начекаше Најдоски. И потоа земја-воздух. Од него сум добил повеќе ќотек на терен отколку од било кој друг играч во поранешна Југославија“, се присетува Јарни.
Јарни имал непријатни искуства и од гостувања во Скопје.
„По тие тунели кон соблекувалните се случуваше сешто. И ние бегавме во Скопје како што играчите на Партизан бегаа во Сплит кога се палеше југословенското знаме. Било па поминало“, вели Јарни.
„За нас голем крах и шок претставуваше што не се пласиравме на Европското првенство 2000 година. Две години претходно бевме трети на Светско првенство, живеевме за нов успех на големо натпреварување. Девизата „ќе биде лесно“ против Македонија, нè чинеше неодење на тоа ЕП во Белгија и Холандија“, раскажува Јарни.