Келн беше на прагот да приреди првокласна сензација во 17-тото коло во Бундеслигата и водеше со голот на Елиес Скири против Баерн во Минхен со 1:0, но во 90-тата минута, со гол на сезоната Џошуа Кимих ги спречи гостите да се радуваат на победа.
Кимих ја круниса иницијативата на Баерн во второто полувреме со еврогол од над 30 метри за нерешен резултат 1:1.
https://twitter.com/Marinus92/status/1617995929226993665?s=20&t=Rbl1K0I9lsAhM6-lo3BrwQ
Скири погоди рано за Келн, во четвртата минута, и неочекувано гостите имаа предност до самиот финиш, но сепак за првпат по пауза од 14 години не успеаја да го победат Баерн во Минхен.
Bayern Munich 0 – [1] FC Cologne
— Zack (@GoalsZack) January 24, 2023
Последен пат популарните Јарци победија во Минхен во февруари 2009 година со 2:1.
И покрај ремито 1:1, Баерн е есенски шампион на Германија со 36 бода, четири повеќе од Лајпциг.
Келн е на десеттото место со 21 бод на половина од шампионатот на Германија.