Јарците од Келн пред три дена дадоа 7 гола, но Баерн е друго ниво

1801 Шалке – Лајпциг (18.30 часот)

Тимот од Гелзенкирхен само со 9 бода од 16 меча чекори кон враќање во втора лига, го има најнеефикасниот напад и втората најлоша одбрана во Бундеслигата. Лајпциг е во одлична форма, викендов одигра нерешено со Баерн, со што му беше прекината победничка серија, но има само шест бода помалку од Баварците, кои се први на табелата. На последното гостување кај Шалке во 2021 година, Црвените бикови победија со 3-0.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.05)

 

1802 Херта – Волфсбург (20.30 часот)

Херта се бори за опстанок, претпоследна е на табелата, а во непријатен момент се среќава со Волфсбург бидејќи гостите имаат серија од пет победи по ред и моментно се седми на табелата. Херта има четири порази во последните пет кола. Волфсбург викендов со 6-0 го торпедира опасниот Фрајбург, а и традицијата е на негова страна. Херта во Берлин не го победила Волфсбург уште од 2017 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1803 Хофенхајм – Штутгарт (20.30 часот)

Домашните се во слободен пад, имаат четири порази по ред, а интересно е што на сите тие четири меча, Хофенхајм даваше гол, што значи дека нивниот проблем е одбраната. Штутгарт игра променливо, во последните три кола има мечеви со 2-3 гола и по една победа, пораз и реми. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи беа ГГ и 3+. Хофенхајм е фаворит, веруваме дека ќе продолжи серијата нивни ефикасни мечеви.

Предлог тип: & 3+ (2.45)

 

1804 Баерн – Келн (20.30 часот)

Јарците пред три дена го разбија Вердер со 7-1, па во позитивно расположение влегува во клинч со големиот фаворит. Баерн е тим со најмногу дадени и најмалку примени голови во Бундеслигата, па на Келн му претстои тешка битка во која и реми би било голем успех за него. Баерн уште не може да смета на Нојер, Мане, Лукас Ернандес, но и Келн има долга листа со повредени. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи беа со 4+ голови.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.69)

 

3611 Лацио – Милан (20.45 часот)

Милан е втор и има четири бода повеќе од Лацио, а најголема главоболка за римските Орли е што нема да игра повредениот Имобиле. Милан има три ремија во последните пет кола и сега е на 12 бода минус во однос на Наполи, со еден меч помалку, но и да го добие, титулата делува недофатлива. Лацио на 18 меча прими скромни 15 гола, а Милан на 18 меча даде 35 гола. Росонерите имаат серија од четири меча по ред на кои даваат по два гола.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести