Јарците од Келн со скршени рогови, прв настрада спортскиот директор Вех

Келн загуби на неверојатен начин, со примен гол од пенал во 98. минута против Хофенхајм, а сметката за осмиот пораз во домашното првенство го плати со отказ спортскиот директор Армин Вех.

Човекот што како тренер има и титула во Бундеслигата со Штутгарт во 2007 година си заминува, а чудно е што се уште тренер е Ахим Бајерлорцер, кој ниже неуспеси со популарните „јарци“ и има 8 порази, две нерешени и само еден пораз на претпоследното место во германскиот шампионат.

Вех и Бајерлорцер во заедничка координација донесоа чудна одлука на самиот старт од шампионатот да го вратат Дарко Чурлинов во вториот тим на Келн.

Нашиот најмлад репрезентативец играше дваесеттина минути како резерва за Келн на премиерниот меч во сезоната, одигра сосема солидно и потоа беше префрлен назад во младинскиот состав на „јарците“.

Можно е во текот на денешниот ден и Бајерлорцер да биде сменет, со одлука на Управниот одбор на Келн.

- Оглас -

Најнови вести