Келн ја совлада Борусија Мехенгладбах со 3-1 во дуел од германската Бундеслига кој беше и соседско дерби (од Келн до Менхенгладбах има 60-тина километри) помеѓу два тима од областа Северна Рајна Вестфалија.
За Јарците ова е прва победа сезонава, а и тимот од Менхенгладбах истотака има само една победа.
Во 70-та минута гостински играч беше исклучен, па домашните ја искористија бројчаната предност и дојдоа до вредна победа која им помага во битката за опстанок. Келн има само 4 бода од осум кола.
Погледнете каков амбиент создадоа фановите на Келн пред почетокот на мечот:
https://twitter.com/i/status/1716091045740527807