„Според мене, ждрепката е одлична за Бугарија. Не сме во позиција да се закануваме никому, ги респектираме сите ривали, но ќе одиме на првото место. Според распоредот, во јуни 2022 година ќе одиграме четири меча во кус рок, но претпоставувам дека ниту тоа нема да ни биде проблем“, изјави Петров.
Бугарија има солиден рејтинг во европскиот фудбал, но во последно време е во криза и нема настап на големите натпреварувања од 2004 година, кога играше на ЕП и испадна веднаш во фазата по групи со три порази.
Победниците од сите четири групи во Сегментот Ц ќе играат полуфинале и финале за шампион и место во повисок ранг на натпревари во Лигата на нациите.