Јасикевичиус: Ако постои притисок за нас, што да кажат луѓето кои сред пандемија не можат да најдат работа? (ВИДЕО)

Шарунас Јасикевичиус имаше импресивно излегување пред медиумите на прес конференцијата по средбата меѓу Барселона и Уникс Казан.

Предводникот на Каталонците на едно новинарско прашање за тоа дали играчите чувствуваат притисок што играат за Барселона, даде оригинален одговор.

„Немаат сите можност да играат за Барселона. Секако дека постои притисок, ама што би рекол некој што во сред пандемија не може да најде работа?

Е тоа е притисок, а поголем дел од нас сме милионери. За каков притисок зборувате? Тогаш да одиме во друга екипа.

Цел живот работиме за да стигнеме до екипи како Барселона и го имаме овој ‘притисок’. За да можеме да победиме на осум натпревари по ред. Ова е луксуз, за каков притисок зборувате? Ние сме најсреќните луѓе на светот“ изјави Јасикевичиус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести