Мемфис гризлис и Кливленд кавалирс се НБА екипите кои се интересираат за услугите на Шарунас Јасикевичиус, тренерот на Жалгирис Каунас. Јасикевичиус покажува дека е одличен стратег во овие три години откако го презеде литванскиот тим.
Лани го оствари најголемиот успех досега со Жалгирис, го одведе тимот до фајнл-фор завршницата во Евролигата, каде што го освоија третото место, а во битката за финалето загубија од Фенербахче. Токму од турскиот гигант беа елиминирани и во четвртфиналната фаза од Евролигата оваа сезона.
Во професионалната кошаркарска кариера, Јасикевичиус помина три години во НБА-лигата носејќи ги дресовите на Индијана пејсерс и Голден стејт вориорс. Тој од порано истакна дека би сакал некогаш да се проба во најсилната кошаркарска лига, а се чини дека шанса да го направи тоа ќе добие што поскоро.
Тренерските позиции во Мемфис и Кливленд се слободни, така што Јасикевичиус може да бира чија клупа ќе преземе, односно кој тим ќе понуди подобри услови.