Јасна беше целта на голманот на Торонто, но потезите му се необјасниви (видео)

Торонто со победата од 2-1 над Леон се пласира во четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони, а потегот на вечерта му припадна на голманот на домаќините, Алекс Боно.

Гостите намалија на 2-1 во 80-тата минута преку Наваро, во тој момент Боно ја прибра топката и се обидуваше да ја загради со цел да добие на време. Потегот му успеа бидејќи неколкупати драматично се преврте додека противничките играчи го опколија и се обидуваа да ја земат топката.

Судијата мораше да интервенира и да ја смири ситуацијата, а Боно продолжи со драмата и за момент се сплетка во мрежата, па дури потоа се ослободи од топката.

- Оглас -

Најнови вести