Јасни се работите – ПСЖ потпиша договор со нов спонзор, Мбапе го нема на промоцијата (ФОТО)

Екипата на ПСЖ објави дека од наредната сезона на ракавите од дресовите на фудбалерите ќе стои името на брендот „ГОАТ“, којшто произведува патики и облека.

На сликите се наоѓаат Меси, Нејмар, Врати, Вајналдум и Хакими, додека го нема Килијан Мбапе. Иако сето тоа беше доволен повод за тоа дека Французинот е пред договор со Реал Мадрид, сепак има добра причина зошто го нема на промоцијата.

Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува на крајот на јуни и тој не може да биде користен во клупските промоции за наредната сезона. Сето тоа би можело да се промени ако напаѓачот остане во клубот од Париз.

Според некои информации, договорот меѓу овој бренд и францускиот тим е проценет на 50 милиони евра, а е потпишан на пет години.

- Оглас -

Најнови вести