Јастребите и мрежичките се мераклии за кошеви

Атланта хоукс – Бруклин нетс (НБА, 01 часот)

Јастребите од Атланта се далеку од позициите кои водат во плејофот и можат да играат релаксирано, за разлика од Бруклин, кој е седмопласиран во Источната конференција и бие битка за да остане меѓу октетот што ќе продолжи да игра за титулата во НБА лигата.

Двете екипи играат брза кошарка, а на дуелот во декември заедно постигнаа дури 271 поен. Можно е и ноќеска да биде слично, па овде ќе типуваме плус поени на мечот.

Предлог тип: >236.5 поени (1.87)

 

Минесота тимбервулфс – Вашингтон визардс (НБА, 02 часот)

Минесота е едно од разочарувањата сезонава во НБА лигата. Имаат Ол-стар ѕвезди од калибарот на Таунс, Вигинс, Роуз… но не играат добро и тешко дека ќе успеат да се пробијат до осмата позиција во Западната конференција.

Имаат 7 победи помалку од Сан Антонио, а до крајот на регуларниот дел во најсилната кошаркарска лига на светот има 15-на натпревари.

И Вашингтон е во слична ситуација, но тие имаат и реален проблем со неиграњето на еден од најдобрите бекови во лигата, Џон Вол. Заостануваат за 4 победи зад екипите што моментно се меѓу осумтте најдобри во Источната конференција.

И овде ќе се обидеме со плус поени, иако границата е висока.

Предлог тип: >241.5 поени (1.88)

 

Милвоки бакс – Шарлот хорнетс (НБА, 03 часот)

Предводени од одличниот Јанис Адетокумбо, Бакс бијат битка за првата позиција на Истокот со Торонто. Имаат одличен тим со квалитетна стартна петорка во која се истакнаа сезонава и Мидлтон и Бледсо и Брогдон покрај популарниот Грик-фрик.

Шарлот е на границата на октетот што ќе игра во плејофот, моментно се десетти со само една победа заостанување зад Мајами и Орландо.

Хорнетс имаат солидна екипа и одличен лидер во Кемба Вокер, па можат да се пробијат до плејоф настап. Милвоки е фаворит, но типуваме дека Шарлот нема да загуби со 13, или повеќе поени разлика. На последните девет меѓусебни дуели ниту еден тим не победил со толкава, или поголема разлика, па очекуваме и десетка ноќеска во Милвоки.

Предлог тип: 2 со хендикеп 12.5 поени (1.85)

 

Портланд трејлблејзерс – Феникс санс (НБА, 04 часот)

Разликата во квалитет е очигледна во корист на Портланд, екипа која има шанса да биде и втора во Западната конференција во регуларниот дел. Првото место е сепак предалеку за Лилард и компанија, но ќе се обидат да се пробијат понапред од моментното четврто место.

Тимот на Феникс им лежи на домаќините и често ги победуваа сонцата со двоцифрена разлика. Феникс и сезонава не игра добро, последнопласирани се во Западната конференција, Па Букер, Ајтон и останатите таленти на Феникс ќе мора да почекаат барем уште една сезона за евентуален настап во плејофот.

Предлог тип: 1 со хендикеп 12.5 поени (1.90)

 

Џејсон Тејтум (Лос Анџелес лејкерс – Бостон селтикс, НБА, 02.30 часот)

Крилото на Бостон е еден од најперспективните и најдобри играчи во НБА лигата, а ноќеска ќе треба да биде и лидер на гостите на вечното дерби во НБА лигата.

Најавено е  можно отсуство на Кајри Ирвинг, па во таква ситуација Тејтум е главниот адут за победа на Бостон. Кај Лејкерс можно е да не играат Инграм и Кузма, Бол сигурно нема да настапи, што им отвара простор на гостите за победа. И на Тејтум полесно да ја мине границата од 16.5 поени.

Предлог тип: Тејтум >16.5 поени (1.80) 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести