Јенките мора да победат, а Флуминенсе и ќе даде и ќе прими гол

Аваи – Интернасионал (фудбал, Бразил, 00.15 часот)

Аваи е најнеефикасен тим во бразилското првенство, има дадено само 13 гола во 25 меча, па се наоѓа на претпоследно место. На домашните победата им треба за бегство од опасната зона. Популарниот Интер е осми, но пет кола нема победа, веројатно и повредите на петтемина играчи се причина за неуспехот. Кога овие два тима играле во Флоријанополис, никогаш не било нерешено. Шансите на гостите ќе им бидат поголеми ако може да игра Перуанецот Паоло Гереро, кој е заморен од патувањата и играњето за националниот тим.

Предлог тип: 1+I & 2+ (1.93)

 

Флуминенсе – Атлетико Паранаенсе (фудбал, Бразил, 02.00 часот)

Флуминенсе е во серија од пет натпревари по ред без пораз и тоа му помогна да побегне од местата на табелата кои водат во втора лига, но Флу уште не е безбеден, има само три бода повеќе од загрозените. Атлетико имаше шест меча без пораз пред да загуби од Фламенго. Кога Атлетико гостува, тоа речиси редовно се дуели со голови на двете страни. Веројатно нема да паднат премногу голови, но би требало да има барем два.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

Бостон бруинс – Тампа Беј лајтнинг (хокеј, НХЛ-лига, 01.00 часот)

Бруинс сезоната ја почна според очекувањата, има пет победи на шест меча, а Тампа Беј има по три победи и порази, што веројатно не ги прави среќни. Повеќе статистички показатели најавуваат ефикасен натпревар барем со четири-пет гола. Иако гостите се опасен тим кој ако се размавне, може секого да победи, веруваме дека Бостон вечерва нема да загуби, барем не во регуларниот дел од средбата.

Предлог тип: 1Х (1.51)

 

Њу Џерси девилс – Њујорк ренџерс (хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

Во соседското дерби нема фаворити. Според изгледот на табелата на Истокот, ова се две од трите најслаби екипи. Но, Ренџерите играа само три меча, од кои добија два. Ѓаволите уште не знаат за триумф, имаат шест порази во шест настапи. Во септември, овие тимови одиграа две пријателски средби во кои Њу Џерси победуваше со 4-3 и 4-2. Во 2017 година последен пат меѓусебен дуел на овие тимови завршил со помалку од шест погодоци.

Предлог тип: >5.50 (1.65)

 

Њујорк јенкис – Хјустон астрос (Бејзбол, МЛБ плејоф, 02.08 часот)

Њујорк поведе со 1-0 во оваа серија, но потоа противникот доби две средби по ред и сега води со 2-1. Јенките немаат право на кикс бидејќи ако се најдат во негатива од 1-3, тешко дека ќе дојдат до големото финале во кое ги чека Вашингтон. Њујорк не смее да ги разочара своите фанови како на третиот меч од оваа серија.

Предлог тип: <8.50 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести