Јенс Леман уапсен на Октоберфест

Поранешниот голман на германската репрезентација и на Арсенал, Јенс Леман, е уапсен поради сомнение дека возел под дејство на алкохол откако присуствувал на Октоберфест.

Леман бил запрен од полицијата во Минхен, а откако одбил алкотест, бил приведен во полициската станица.

Според „Билд“, Леман се тетеравел и се чувствувал силен мирис на алкохол, а поради одбивањето на алкотестот, бил однесен во полициската станица за понатамошни проверки, при што му била одземена возачката дозвола. Пред инцидентот, бил фотографиран како слави со пиво во раката.

За време на својата кариера, Леман одигра 61 натпревар за германската репрезентација и бранеше за клубови како Шалке 04, Борусија Дортмунд, Милан и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести