Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, веќе има обезбедено пласман најмалку во Конференциската лига, но е на чекор во Лигата на Европа, што значи дека тетовци ќе играат на европска сцена најмалку до декември.
Пласман во Лигата на Европа ќе значи уште осум натпревари на меѓународна сцена, додека во Конференциската лига се играат шест меча во лигашкиот дел. Шкендија веќе одигра и два меча од домашното првенство, утре ќе го игра и третиот, а на 10-ти септември ќе го започне настапот и во Купот на Македонија.
„Искрено не сакам да се одложи наш натпревар од домашното првенство поради Европа. Со тоа би покажале непочитување кон играчите што ги имаме и би покажале непочитување кон нашиот шампионат кој ни е многу важен. Ние сме платени да играме и треба да играме кога ќе биде побарано од нас. Но еве и да одложуваме, некогаш тие мечеви сепак треба да се одиграат па ќе добиеме згуснат распоред. Каде ќе ги сместиме? Треба да се ги почитуваме сите натпреварувања треба да играме како што е распоредот.“ – вели тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.