19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Јетон Беќири: Шкендија заслужи пласман во следната рунда

Македонскиот првак Шкендија успеа да го елиминира велшкиот ТНС откако по продолженија славеше со 2-1 на Арената „Тодор Проески. Во регуларниот тек мечот заврши 1-1, а на првиот дуел во Велс немаше голови.

Тренерот Јетон Беќири изрази задоволство од успехот, иако призна дека беше исцрпувачки натпревар.

„Мислам дека кога сѐ ќе се погледне, Шкендија го заслужи пласманот во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Знаевме дека нема да биде лесно, се покажа дека ТНС е жилав противник, но ете по продолженија успеавме да ја оствариме целта. Сега нѐ очекуваат дуели со ФЦСБ, сигурно дека тоа е голем клуб на романскиот фудбал, но ќе ги анализираме и ќе се подготвиме добро“, изјави Јетон Беќири по натпреварот со ТНС.

Шкендија ќе биде домаќин на првиот меч против ФЦСБ за седум дена.

- Оглас -

Најнови вести