Шверцуваше дрога како 9-годишно момче, сега се трка со времето за да игра против Македонија на ЕП

Јетро Вилјемс ќе се трка со времето за да биде дел од репрезентацијата на Холандија на Европското првенство што ќе се игра следната година од 11 јуни до 11 јули, а бекот на Ајнтрахт Франкфурт, кој моментно е повреден, има многу интересна приказна.

Холандија ќе ѝ биде противник на Македонија на 23 јуни во Амстердам, во последниот меч за нас во фазата по групи во историскиот настап на прво големо натпреварување.

Вилјемс има 22 настапи за популарните Лалиња и ќе се обиде пак да игра за Холандија, а има многу интерeсна приказна.

Како 9-годишно момче со родителите пристигна од Курасао во Холандија и морал да шверцува дрога, како почетен капитал за преживување во новата земја за него и неговото семејство.

Признанието од 26-годишниот бек, кој играше и за ПСВ Ајндховен и за Њукасл, покрај сегашниот тим Ајнтрахт Франкфурт стигна 15 години подоцна.

„Моравме да имаме нешто за нов почеток во новата земја Холандија. Моите родители беа уплашени бидејќи беше неизвесно дали ќе ја минат границата со дрогата, па изборот падна на мене. Ја сокрив во нозете и за среќа 9-годишно момче не претресуваат на границата, па се помина без проблеми. Не сакав, но сторив сè за да му помогнам на моето семејство. Им реков дека мене ме интересира само топка и фудбал и ништо друго. Никогаш не сум ја раскажал оваа приказна што никогаш и не се повтори, но нè спаси при доаѓањето во Холандија“, вели Вилјемс.

Моментно е повреден и за него сезоната е завршена, но се надева дека ќе игра за Холандија на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести