Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Кенан Јилдиз, и официјално ја продолжи верноста со Јувентус до 2030 година. Ова продолжување е за само една година плус од договорот кој го имаше до сега, но Турчинот доби и далеку повисока плата.
20-годишниот фудбалер сега ќе заработува по најмалку шест милиони евра годишно, а со дополнителните бонуси, неговата плата може да надмине и седум милиони евра. Тоа го вбројува меѓу најплатените фудбалери до 21 година во светот.
He’s just getting started ⭐️
2️⃣0️⃣3️⃣0️⃣
https://t.co/Ba3xJt5Edp pic.twitter.com/oKr42ODYNr
— JuventusFC (@juventusfcen) February 7, 2026
Јилдиз е роден во Германија, а во младинските категории настапуваше за Баерн Минхен. Сепак, во 2023 година како слободен агент направи трансфер во Јувентус, каде настапуваше најпрво за екипата до 19 години, па за втората екипа, а сега е ѕвезда и во сениорскиот состав на „старата дама“.

