8.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Јилдиз одлучи да остане во Јуве – за четирипати поголема плата од досегашната

Еден од најдобрите играчи на Јувентус, Кенан Јилдиз, одлучил да го продолжи договорот со клубот и навивачите можат да воздивнат.

Одличниот турски офанзивен играч за врска, кој има само 20 години, реши да биде човекот околу кого ќе се врти сè во најтрофејниот клуб во Италија. Тој беше цел на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус „само“ за 1.500.000 евра по сезона, но реши прво да седне со челниците на својот клуб.

Според „Тутоспорт“, двете страни се договориле за нов договор, со зголемување на платата на 6.000.000 долари по сезона. Така Кенан ќе влезе во групата на најплатени фудбалери на Јуве, поточно ќе има иста плата како Џонатан Давид, а пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој има плата од 12 милиони евра годишно, но си заминува на крајот од оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести