Јирген Клоп по заминувањето од Ливерпул сè уште е на „одмор“ и остана на зборот дека нема да биде тренер во следниот период. Сепак, Германецот е активен во и околу фудбалот, а активен е и на социјалните мрежи.
Тој на задоволство на навивачите го состави својот „Маунт Рашмор“ од четворица тренери за кои смета дека се најдобри во историјата. Можеби многумина нема да се согласат, но ова е неговиот избор. Секако, тој самиот не се вклучи во изборот.
„Ова е мојот Маунт Рашмор за фудбалски тренери, иако е навистина тешко да се одберат само четворица, сепак ќе се обидам“, рече Клоп.
- Јохан Кројф
„Јохан Кројф, највлијателниот фудбалски тренер за кого некогаш сум слушнал. Начинот на кој го водеше фудбалот, начинот на кој го разбираше фудбалот, едноставно е без конкуренција.“
2. Пеп Гвардиола
„Пеп Гвардиола, многумина го мислите истото за него, а јас се соочував со него и знам колку беше тешко.“
3. Алекс Фергусон
„Сега станува навистина тешко. Одиме со најуспешниот менаџер на сите времиња и човек кој навистина многу го сакам – Сер Алекс Фергусон.“
4. Бил Шенкли
„Сега тешко ќе се одлучам. Карло Анчелоти ми е на памет. Бил Шенкли, Боб Пејсли, многу слушав за нив, никогаш ги немам видено. Сепак, сакам да го видам Бил Шенкли на Маунт Рашмор. Тоа е тоа.“

