Јирген Клоп веќе година и пол е надовр од активните случувања во фудбалот. Откако му заврши договорот со Ливерпул, германскиот стратег реши да ја прифати работата да главен за тренерската работа во Ред Бул, компанија која има неколку клубови од целиот свет во своја сопственост.
Клоп помина осум години во Ливерпул, а пред тоа беше седум години тренер на Мајнц и седум години предводник на Борусија Дортмунд. Во овие преку две децении тренерска работа, Клуп има работено со многу светски ѕвезди, но сепак еден посебно го истакнува како најдобар. Не е тоа ниту Салах, Мане, Ван Дајк, туку голгетерот Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач под водство на Клоп играше за Борусија Дортмунд четири сезони и во 187 настапи успеа да постигне 103 голови.
„Немаше да биде фер ако кажам кое било друго име освен Левандовски. Тоа што тој самиот го постигна од својот потенцијал и како тоа самиот се туркаше напред д и да напредува за да стане играч каков што е сега. Тоа е одлично. Ако сите фудбалери се развиваат како него, фудбалскиот свет би било многу луд“, вели Клоп.
Германскиот стратег вели дека Левандовски е класичен пример за тоа како еден играч треба да ја гради својата кариера.
„Го направи секој чекор што требаше за да стигне да биде гол-машина. Точно знае што треба да направи во секоја ситуација. Му благодарам на него, но и на сите останати одлични фудбалери на кои им бев тренер и помогнаа да изгледам како многу добар стратег од клупата“, додаде Клоп.
Левандовски по заминувањето од Борусија, кариерата му дојде до врвно ниво. Играше за Баерн Минхен, а пред да направи трансфер во Барселона, заврши со 312 погодоци во Бундеслигата што го прави втор најдобар стрелец во историјата на германското првенство.

