11.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Јирген Клоп кон младиот навивач на Јунајтед: „Те сожалувам, шест години гледаш ужасен фудбал“

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, беше дел од јавен настан на кој се дружеше со фановите, но едно видео кое подоцна стана вирално, настана кога Германецот здогледа момче со дрес од Манчестер јунајтед.

Клоп му се доближи и му се обрати: „Шест години гледаш ужасен фудбал, навистина те сожалувам“. Германецот тоа го кажа на шега, но навивачите на Манчестер јунајтед ги врати во реалноста, а таа е дека имаат катастрофален старт на сезоната во Премиер лигата, а во Лига купот испаднаа од четвртолигаш.

- Оглас -

Најнови вести