Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп, можеби ја работи својата последна сезона на клупата на Ливерпул. Ако се следи традицијата, Клоп сигурно си оди од клубот во текот на сезонава.
Клоп седум сезони работеше во Мајнц, па потоа седум години остана и во Борусија Дортмунд, а во Ливерпул е од 2015, значи седум години. Резултатите на Црвените сезонава се многу полоши од очекувањата, и иако Клоп има огромен кредит за сето тоа што го направи во Ливерпул, не треба да се исклучи можноста да си замине и повторно да му се случи „проклетството на седмата сезона“.
Синоќа Ливерпул загуби со 1-4 од Наполи, што најтежок пораз за англискиот клуб во Европа од 1966 наваму, а вкупно сезонава имаат само две победи на седум меча.