Руските медиуми пишуваат дека германскиот стручњак Јоаким Лев е кандидат за селектор на репрезентацијата на Русија. Сега веќе поранешниот германски селектор кому мандатот му заврши по елиминацијата од Европското првенство, се наоѓа на листата на тројца странски тренери кои Русите ги посакуваат на нивното селекторско столче.
Покрај Лев, на листата на желби сè уште им е некогашниот тренер на Зенит, Португалецот Андре Вилаш-Боаш, и Владимир Петковиќ, кој со успех ја врши селекторската функција во Швајцарија. Интересно е што тројцата Руси со кои се разговарало, Семак, Карпин и Слутски, одбиле да се нафатат да бидат селектори.
Станислав Черчесов официјално уште е селектор на Русија, но се очекува да си замине.