Јоан Виса го засили Њукасл само 30 секунди пред затворањето на преодниот рок

Јоан Виса официјално се пресели во Њукасл од Брентфорд за 55 милиони фунти, а трансферот беше финализиран само 30 секунди пред затворањето на преодниот рок.

Дваесет и осумгодишниот напаѓач минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 19 гола и запишувајќи четири асистенции, со што стана втор најдобар стрелец на Брентфорд по Брајан Мбеумо.

Во Њукасл, Виса ќе го замени продадениот за рекордни 125 милиони фунти Александер Исак и, слично како Швеѓанецот, претходно одбивал да игра за својот тим додека не се реализира трансферот. Роден е во Франција, а репрезентативец е на Демократска Република Конго. Тој ќе го носи дресот со број „9“.

- Оглас -

Најнови вести