Јокиќ блескаше, Денвер и Оклахома ќе играат „мајсторка“ (Видео)

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома сити со 119-107 и изборија „мајсторка“ за пласман во финалето на плејофот на Западната конференција во НБА-лигата.

Шестиот натпревар беше луд и полн со пресврти. Денвер имаше двоцифрена предност во првата четвртина, Оклахома во втората, а потоа пред самиот крај на третата четвртина Денвер повторно се одвои на плус десет и таа предност не ја испушти до крајот на натпреварот.

Гледавме уште еден одличен дуел на двајца кандидати за МВП наградата, која, од сè уште непознати причини, сè уште не е доделена.

Никола Јокиќ блескаше со 29 поени, 14 скокa и осум асистенции и беше испратен од теренот со извици од навивачите „МВП!“.

Српскиот кошаркар имаше одлична поддршка на теренот од Џамал Мари (25 поени, осум скокови и седум асистенции) и Кристијан Браун (23 поени, 11 скоka и пет асистенции).

Од другата страна, Шеј Гилџес-Александер постигна 32 поенa и шест асистенции.

Одлучувачкиот седми натпревар ќе се игра во Оклахома во недела, од 21:30 часот, а победникот ќе игра во финалето на Западната конференција против Минесота.

- Оглас -

Најнови вести