-3.2 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Јокиќ блескаше, но Денвер загуби од Голден стејт (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра една од своите најдобри партии оваа сезона во НБА, но ниту тоа не беше доволно за Денвер нагетс да избегнат пораз на гостувањето кај Голден стејт вориорс.

Тимот од Сан Франциско славеше со 128-117 откако Денвер целосно се распадна во последната четвртина, во која блескаше Брендин Подземски.

Нагетс во последните 12 минути влегоа со предност од 95-101, но во завршната четвртина постигнаа само 16 поени, што им овозможи на Вориорс да направат комплетен пресврт.

Подземски во четвртата четвртина уфрли 15 поени со перфектен шут 6/6 од игра, а додаде и осум скока. Вкупно на натпреварот забележа 18 поени, 15 скока и девет асистенции.

Јокиќ средбата ја заврши со неверојатни 35 поени и 20 скока, на кои придодаде и 12 асистенции за нов трипл-дабл. Од игра шутираше 11/21, а од линијата за слободни фрлања 10/11. Покрај него, расположени во редовите на Денвер беа само Џамал Мареј со 21 поен и Кристијан Браун со 18 поени.

Кај Голден стејт вориорс, најефикасен беше Мозес Муди со 23 поени, додека Ал Хорфорд постигна 21 поен.

Резултати: Оклахома – Кливленд 121-113, Атланта – Бруклин 115-104, Голден стејт – Денвер 128-117, Милвоки – Торонто 94-122, Индијана – Далас 130-134, Вашингтон – Шарлот 112-129, Минесота – Филаделфија 108-135, Чикаго – Њујорк 99-105, Феникс – Портланд 77-92, ЛА Клиперс – Орландо 109-111.

- Оглас -

Најнови вести