Јокиќ даде 41 поен, но беше трагичар, Леброн надмина рекорд на Мајкл Џордан

Деветте натпревари во НБА лигата донесоа еден историски рекорд и неколку возбудливи дуели и завршници.

Леброн Џејмс со 30 поени придонесе за победа на Лејкерс против Атланта од 119-102, и стана рекордер по број на мечеви со 30+ поени во кариерата. Сега Џејмс има 563 такви мечеви, а Мајкл Џордан кој имаше 562, падна на второ место. Трети е Вилт Чемберлен со 516.

Кливленд (прв тим со 30 победи сезонава) и Оклахома сити кои се лидери во своите конференции, извојуваа нови победи, Си Џеј Мекколум од Њу Орлеанс даде 50 поени против Вашингтон, а најинтересно беше во Денвер каде Нагетс загубија од Сан Антонио со 110-113.

Никола Јокиќ имаше 41 поен и 18 скока, но во последниот напад погреши и од јунак се претвори во трагичар на Нагетс. Виктор Вембањама од Спарс имаше 35 поени и 18 скока, а ја имаше и клучната одбрана против Србинот.

- Оглас -

Најнови вести