Јокиќ до трипл-дабл и рекордни пет забивања, но Денвер повторно загуби (Видео)

Денвер го доживеа и вториот пораз по ред откако загуби на гостувањето кај Чикаго со 129-121. Недоволни за победа на Нагетси беа трипл-дабл ефектот на Никола Јокиќ и рекордните пет забивања, па серијата од четири победи по ред, сега е низа од два пораза.

Српскиот кошаркар дојде до ефект од 33 поени, 12 скока и 14 асистенции, но имаше и пет забивања, нешто што ретко го прави на натпреварите.

Пораз, и тоа на домашен терен, доживеа и актуелниот НБА-шампион Бостон селтикс, кој загуби од Хјустон со 112-114 со драматична завршница.

Резултати:

Шарлот – ЛА лејкерс 107-112
Кливленд – Детроит 110-91
Бостон – Хјустон 112-114
Бруклин – Сакраменто 96-110
Мајами – Орландо 125-119
Њујорк – Мемфис 143-106
Торонто – Њу Орлеанс 113-104
Чикаго – Денвер 129-121
Минесота – Атланта 100-92
Далас – Вашингтон 130-108
Јута – Милвоки 110-125
Феникс – ЛА клиперс 111-109

- Оглас -

Најнови вести