Јокиќ доминира на и надвор од терените, на натпревари доаѓа облечен како Тони Монтана (Видео)

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари нов трипл-дабл во поразот на неговиот тим од Бруклин нетс, а доминира и надвор од терените и тоа со неговиот стајлинг.

Јокиќ сезонава се одлучи на голема промена во стајлингот и на натпреварите вообичаено доаѓа во одело кое го комбинира со интересни модни детали.

Овој пат тоа беше „гепард“ кошула каква што носеше актерот Ал Пачино глумејќи го ликот на Тони Монтана.

По натпреварот, Јокиќ од новинарите беше запрашан токму за неговиот стајлинг, односно носењето одела.

„Почнав да го правам тоа од оваа сезона и тоа е еден начин да се претставите себе си. Но, не ми се допаѓа како момците се облекуваат за натпреварите. Да се носи одело, значи дека сум сериозен во врска со мојата работа. Тука сум за да си ја завршам мојата работа“, изјави Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести