Јокиќ држеше лекции и против Голден стејт, дебакл на Лејкерс во Хјустон (Видео)

Денвер нагетс го победи Голден стејт вориорс со 108-105 и отиде на скор 8-1, што е изедначување на нивниот клупски рекорд за најуспешна сезона во историјата по девет меча. Ова беше дуел на последните два шампиона во НБА-лигата, а на крајот се радуваа Грутките предводени од Никола Јокиќ, кој имаше 35 поени и 13 скока.

При 107-105, Стеф Кари на пет секунди до крајот утна „флоутер“ за изедначување, а во последниот напад Клеј Томпсон можеше со тројка да го одведе мечот во продолжение, но топката му се лизна од раце.

Во НБА рано утрово се одиграа дури 14 меча, за одбележување е и тешкиот пораз од 94-128 на Лејкерс против Хјустон, а на две средби се играа продолженија: Сакраменто по пет дополнителни минути го победи Портланд со 121-118, додека Феникс со 116-115 го совлада Чикаго. Во дербито на Истокот, Филаделфија го победи Бостон со 106-103, па сега 76-ките се единствен тим во својата конференција само со еден пораз сезонава, додека Селтикс врза два пораза едноподоруго.

Погледнете како заврши обидот на Томпсон да даде тројка за изедначување во последнта секунда на гостувањето на Воините во Денвер:

- Оглас -

Најнови вести