Јокиќ е како Џордан, не знам како би играл одбрана против него

Поранешниот НБА-тренер Џорџ Карл е ново кошаркарско име кое јавно призна дека е импресиониран од игрите што ги прикажува актуелниот МВП во лигата, Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер нагетс и сезонава игра фантастично и е лидер во трката за МВП признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а сега доби комплименти за игрите што ги прикажува од поранешниот тренер на Сан Антонио спарс, Кливленд кавалирс, Реал Мадрид, Сиетл суперсоникс, Милвоки бакс, Денвер нагетс и Сакраменто кингс.

Карл е импресиониран од игрите на Јокиќ, што ѕвездата на Денвер ја спореди со, за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, како и со легендарниот центар Шекил О’Нил.

„Го гледам Јокиќ веќе шест сезони и мислам дека најдобра работа што можам да ја кажам за него е дека и понатаму немам идеја како би го чувал, како би играл одбрана против него. Исто сум се чувствувал само со уште двајца кошаркари, Мајкл Џордан и Шекил О’Нил“, напиша Карл на својот профил на „Твитер“.

 

- Оглас -

Најнови вести